ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ И СПАСЕТЕ ГО БРАКОТ: Ако ги правите овие четири работи лесно ќе стасате до РАЗВОД

Подигнување на ѕид
Ова е ситуација кога партнерот во текот на разговорот почнува да се однесува како да гради ѕид околу себе и се дистанцира. На другата страна може да изгледа дека другата страна не се грижи за неговите/нејзините чувства, добросостојба… Во таква ситуација, партнерот на далечина често го трга погледот, најчесто молчи и може да ги прекрсти рацете на неговите/нејзините гради.
Ваквиот став укажува на тоа дека партнерот е психички преоптоварен, па телото почнува да реагира како да е во опасност – ослободува хормони на стрес, срцето се забрзува и има силна потреба за бегство.
Во таква ситуација, паметно е да направите 20-минутна пауза, да прошетате, да вдишете длабоко, некако да се смирите и дури потоа да разговарате со партнерот за проблемот.

This image has an empty alt attribute; its file name is los-brak.jpg


Презир
Презирот во бракот обично се развива преку долгогодишно чувство на незадоволство или по предавство на партнерот. Но, некои луѓе учат да покажуваат презир кон другите затоа што тоа го гледале во нивните родители додека растат, па како возрасни така се однесуваат кога се вознемирени.
Презирот може да се нарече предимензионална критика, а личноста која го презира својот партнер, всушност, зазема супериорна позиција изразувајќи го своето незадоволство со срам и злонамерен сарказам, се’ со цел што повеќе да ја понижи другата страна.
Пример за тоа ккако звучи презирот: „О, се разбира, влегов во валкана куќа по долг ден. Што друго можев да очекувам од некој како тебе? Требаше да знам колку ќе бидеш мрзлив кога го запознав твоето семејство”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …