(ВИДЕО) Скандал во Кина: Го одвлекле новинарот среде директен пренос – водителката во шок!

Сер ден Дас, холандскиот новинар на NOS, станал планетарно популарен по една непријатност што ја доживеал додека известувал од Зимските олимписки игри во Кина.
Имено, неколку членови на обезбедувањето прво го опколиле, а потоа еден буквално го одвлекол од пред камерата.
Работата да биде полоша, неговото директно јавување се случувало во тој момент, па водителката во холандското студио најпрво останала без зборови и нервозно ја гризнела усната.
Ова, како што се очекуваше, привлекло големо внимание во јавноста бидејќи било сомнително прашањето за слободата на сите оние кои тргнаа кон Пекинг. Мерките се ригорозни и нема флексибилност.
„Тоа беше изолиран настан и нема да влијае на покривањето на странските медиуми за Зимските олимписки игри во Пекинг“, соопштиле од Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Засега не се знае зошто работниците од обезбедувањето насилно го прекинале вклучувањето на овој новинар.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …