Необичен случај во Приштина: Се родило бебе со два пола

На гинеколошко – акушерското одделение во болницата во Приштина се случила многу ретка појава – се родило бебе со два пола.
Лекарите на одделот за гинекологија на Клиниката во Приштина деновиве се соочија со исклучително ретка појава – раѓање на бебе со два пола, објави приштинскиот портал Front onlajn.
Бебето по раѓањето е пренесено во одделот за неонатологија, каде ги извршила потребните лекарски прегледи, бидејќи е соопштено дека вакви појави досега не се забележани во Приштина.
Директорот за неонатологија, Џевдет Гојновци, вели дека случајот со двополно бебе се лекува во таа клиника и дека ова е второ бебе родено со вакви генетски промени.

Според него, станува збор за случај што се лекува во медицината како синдром на хиперплазија на надбубрежна жлезда.
Бебето се родило предвреме. Било примено на интензивна нега на Клиниката за неонатологија. Во тек се анализи и консултации со различни специјалисти за клиники.
„Овој случај е втор оваа година што има симптоми на промена на гениталиите, што веројатно се должи на хормоналните промени што ги предизвикуваат бубрезите“, рече Гојновци за приштинскиот „Зери“.
Доколку се потврди оваа дијагноза, може да се излечи, тврди доктор Гојновци.
Инаку, новороденчето е старо 32 недели и тежи само 995 грама.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …