Бугарската пророчка Вангелија Димитрова попозната како баба Ванга предвидуваше некои настани како што се бомбардирањето на Белград на 6 април 1941 година, скопскиот земјотрес, киднапирањето на италијанскиот премиер Алдо Мора, смртта на принцезата Дајана, злогласниот крај на Хитлер и Сталин, нападот врз трговскиот центар во Њујорк, распадот на СССР …
Најавила дека Кина ќе стане нова светска сила во 2018 година. Таа, наводно, видела што се’ ќе се случи до 5079 година, кога предвидела „крај на светот“. Според нејзините пророштва, пропаѓањето на светот ќе следи откако луѓето ќе решат да ја преминат границата на универзумот.
Според пророштвото на Баба Ванга во 2020 година, Европа ќе биде скоро ненаселена. Земјите во развој ќе бидат трансформирани од експлоатирани во експлоататори.
Три години подоцна (во 2023. година), според неа, орбитата на Земјата ќе се промени малку, а во 2025. година Европа ќе има уште помалку жители.
Таа предвидува дека во 2028. година луѓето ќе летаат кон Венера и ќе се најдат нови извори на енергија. За пет години, или 2033. година, нивото на светските океани ќе се зголеми, како резултат на топењето на мразот на половите.
Во 2043 година, вели Баба Ванга, со Европа ќе владеат муслиманите,а во 2046. година сите човечки органи ќе бидат „одгледувани“. За 2066. година најави напади врз муслимански Рим, а САД за прв пат ќе распоредат ново климатско оружје, предизвикувајќи брзо заладување.
Баба Ванга го предвидела и враќањето на комунизмот – во 2076 година. Таа предвидува појава на невообичаена болест во 2088. година која би се стареело за неколку секунди.
Екран.мк
Фото: Youtube/Printscreen