Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина

Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што татко ? Ликиниј беше малечок цар. Некои мислат дека таа е Словенка. Родена како незнабожка од родители незнабожци, Пенелопа (така ? беше името пред да се крсти) на христијанската вера се поучи од нејзиниот учител Апелијан. Св. Тимотеј, учителот на апостол Павле, ја крсти заедно со уште неколку дворјанки и ? ги донесе да ги прочита Посланијата на Светиот апостол Павле. Кога се одрече од мажачка го разгневи татко ? и тој сакаше да ја мачи, ама таа на чудесен начин го обрати во христијанство. Освен татко ? на маки ја подложуваа уште четворица други цареви, но Бог секогаш ја спасуваше преку ангели. Царот Седекија ја закопа до глава во ендек исполнет со отровни змии и скорпии. Но Божји ангел ги умртви отровните гадови и ја сочува Светата девица неповредена. Тогаш овој цар се обиде да ја истружи со бичкија, но бичкијата се одбиваше од нејзиното тело како од камен. По ова ја врза за тркало под воденица и пушти вода за да ја убие. Водата не сакаше да тече, а стоеше – и девицата остана жива и здрава. Царот Савах, синот на Седекија, ја поткова со клинци, натовари врз неа вреќа со песок и ја впрегна, па нареди да ја водат како добиче далеку надвор од градот. „Навистина, како добиче сум пред Тебе, Господи!“, говореше Светата маченичка впрегната трчајќи по своите мачители. Но Божји ангел ја затресе земјата и земјата се отвори, па ги проголта нејзините мачители. Откако ги преживеа сите маки, со што обрати во христијанство огромно мноштво незнабожци, Ирина премина во градот Калипол и во него ја проповедаше верата во Христа. Тамошниот цар Нумеријан сакаше да ја убие и ја фрлаше во три усвитени метални вола едно по друго. Но девицата беше спасена и остана жива. Мнозина видоа и поверуваа. Епархот Ваводин ја одведе во градот Константин, каде што намисли да ја убие ставајќи ја врз усвитени решетки. Но тоа не ? наштети на Света Ирина, а мнозина ги приведе кон верата на Вистината. Најпосле Ирина дојде во градот Месемвриј, каде што царот Савориј ја уби, но Бог ја оживеа. А кога го видоа тоа, царот и многубројниот народ поверуваа. И така со своите страдања Света Ирина приведе во Христовата вера околу сто илјади незнабожци. Најпосле самата легна во гроб и му нареди на Апелијан да го затвори гробот. Кога по четири дена го отворија, нејзе ја немаше внатре. Бог ја прослави занавек девицата и маченичката Ирина, која с ? жртвуваше и с ? претрпе за да Го прослави Него меѓу луѓето со сите сили што ? ги подари.


Тропар
Твоето срце миомирисно семе Христово постана, о Ирино света девственичке, од него Господ за Себе мноштво народ подигна, душата ти палмина гранка на мирот се покажа, о Ирино света великомаченичке, до која непријателот не можеше да се допре, умот секогаш воздигнувајќи го кон небесата, Христа Го прослави на земјата. Радувај се, Он тебе во слава те воскресна, и сега и секогаш моли се за вселената, ти која од нас чудесно земена беше.

Светите Мартин и Ираклиј


Словени. Гонети од ариевците во Илирија. Испратени на прогонство овие витези на Православието го завршија својот земен живот и се преселија кај Господ во 4 век.

Тропар
Словени светот ве нарекуваше, о маченици свети Мартине и Ираклие, во христијани Црквата ве приведе, а мачеништвото ви донесе венец во Царството Небесно, радувајте се и за нас молете се, вие кои патот на спасението го пронајдовте.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на истакнатиот македонски историчар на уметност и публицист Димитар Ќорнаков

Проф. д-р. Димитар Ќорнаков е роден во 1927 година во Стојаково, Гевгелиско. Тој беше македонски …