НАУЧНИЦИТЕ НА АРКТИКОТ ПРОНАШЛЕ ЗАМЕНА ЗА АНТИБИОТИЦИ – Сега прават база на вируси кои би можеле да помогнат во лекувањето на многу болести

Научниците од рускиот институт за експериментална медицина започнале да прават база на податоци за вируси собрани на Арктикот и Антарктикот, што може да се користи за лекување на заразни болести против кои антибиотиците повеќе не функционираат.
Артеми Гончаров, раководител на лабораторијата за функционална геномика и протеомика на микроорганизми во Институтот, рече дека вирусите на бактериофаги, кои потекнуваат од арктичките екосистеми, може да се користат за производство на лекови за борба против заразни болести кои имаат развиено отпорност на антибиотици.
„Неодамна предложивме стратегија заснована на барање ефикасни бактериофаги во природните екосистеми. И веројатно најперспективниот извор на бактериофаги, според нашите согледувања, се екосистемите поврзани со поларните региони на нашата планета. Арктикот и Антарктикот можат да станат основни снабдувачи на високо вирулентни бактериофаги“, вели Гончаров.
Тој изјавил дека научниците, кои биле на експедиција на Антарктикот, откриле дека голема количина бактериофаги може да се најде во живеалиштата на птиците, вклучувајќи живеалишта на пингвини, како и области на слатководни езера. Откриено е дека вирусите можат да бидат изолирани од материјалите, кои се чуваат во пермафрост.
Како заклучок, Гончаров забележал дека податоците од овие студии претставуваат основа за биолошка банка на соеви на бактериофаги на Институтот за експериментална медицина.
Претходно било објавено дека руската влада ќе продолжи да ги поддржува инвестициските проекти на Арктикот, за кои ќе бидат издвоени над 2.408.000.000 евра.
Според рускиот премиер Михаил Мишустин, Владата координирала голем број инвестициски проекти на Арктикот, кои ќе добијат државна поддршка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …