Македонија денес во жолта фаза: Поларен студ до -18 степени – Министерстово за здравство со препораки

Ладното време во земјата не попушта што придонесеи и Министерството за здравство да се огласи со препораки до граѓаните…
Македонија денеска, според најавите од синоптичарите, ќе биде зафатена од поларен студ од жолта фаза со ниски температури кои ќе се спушат до минус 18 степени.
Управата за хидрометеоролошки рабoти соопшти дека времето ќе биде претежно ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -7, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 2 степени.


До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.
Поради ниските температури, Министерството за здравство препорача граѓаните да носат повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз и почеста консумација на топли напитоци.



Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството препорачува и избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
Исто така, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Корисни препораки – Овие додатоци во исхраната и витамини придонесуваат за процесот на слабеење: Вклучете ги во вашата дневна рутина

Во процесот на слабеење, клучно е да ја прилагодите вашата исхрана за да се обезбеди …