(ВИДЕО) СИБИРСКА ЗИМА ВО ХОЛАНДИЈА – Амстердам окован со лед: Најхрабрите се лизгаат по заледените канали, а некои завршиле во ладната вода!

Во Амстердам, по три години, каналите повторно замрзнаа, што развеселило многу граѓани, од кои некои ја искористија можноста да го искористат студеното време и мразот, и покрај пандемијата на коронавирусот, да се лизгаат по замрзнатите канали и езера.
Сепак, можноста за лизгање на замрзнати канали не била искористена само во Амстердам, туку и во други делови на земјата, каде што замрзнале и’ каналите и езерата.


Како резултат, службите за итни случаи имале голем број повици од граѓани поради падови.
Ниските температури кои го зафатија поголемиот дел од Европа им донесоа радост на голем број Холанѓани кои решија да го искористат викендот за лизгање на ледените канали и езера.


И во самиот Амстердам, некои жители одлучија да стапнат на лизгалки и да го искористат дебелиот мраз за да лизгаат по каналите.
Сепак, дебелината на мразот не е секаде иста, па многу граѓани на Амстердам кои не обрнувале внимание на тоа завршиле во ладната вода кога мразот под нивните нозе попуштил.



Премиерот Марк Рут ги повика граѓаните да избегнуваат масовно лизгање со цел да се избегне ширење на коронавирусот и поради фрактури дополнително да не се оптеретува здравствениот систем.
Последен пат каналите во Амстердам замрзнаа во 2018 година.
Ekran.mk/24ur

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …