(ФОТО) После веста дека Меган го чека второто дете се огласиле и од Бакингамската палата

Принцот Хари и Меган Маркл на Денот на вљубените објавија дека очекуваат уште едно дете, а сега се огласила и Бакингемската палата.
Претставниците на кралското семејство изјавиле дека семејството е воодушевено од веста.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by ◎ ROYALTY FASHION ◎ (@royaltyfashion22)


„Нејзиното височество, војводата од Единбург, принцот од Велс и целото семејство се воодушевени и им посакуваат сè најдобро“, се вели во соопштението.
Токму на Денот на вљубените пред 37. години, Бакингемската палата објави дека принцезата Дијана е бремена со своето второ дете.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by @coder293

Во соопштението за печат се велело дека „Кралицата Елизабета и принцот Филип се воодушевени од среќната вест“ и дека на Дијана, која во тоа време имала 22. години, не и е грижа дали носи девојче или момче. Принцот Вилијам имал 20. месеци за време на објавувањето на бременоста на Дајана, а неговиот брат Хари е роден на 15. септември 1984. година.
Да потсетиме, Меган и Хари минатата година официјално се повлекоа од улогите во кралското семејство, а живеат во Калифорнија од средината на март.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …