Најчудни љубовни обичаи во светот

Рачно осликување во Индија


Мехнди е осликување на раце и дланки со помош на кана, што е честа појава во Индија. Оној што слика го додава името на младоженецот на рацете на идната невеста. Ако името е видливо при испирање, тоа значи дека бракот ќе биде добар.


Љубовни пораки во Јужна Африка
Во културата на Зулу племето, девојчињата ја покажуваат својата наклонетост кон спротивниот пол со помош на нешто што се нарекува „укус“. Станува збор за разнобојни монистра, каде што секоја боја претставува чувство. На пример, црвената боја претставува бес, а жолтата – страст. Понекогаш мажите не можат да дешифрираат вакви пораки, па затоа бараат помош од своите сестри.

Машки натпревар за убавина во Нигер
Република Нигер е земја во Западна Африка каде племето Водаби изведува необичен ритуал.


Имено, за да го освојат женското срце, мажите се изложени на некаков натпревар за убавина. Со насликани лица, тие играат и пеат и со тоа се обидуваат да го импресионираат спротивниот пол, особено со своите насмевки.

Заб на кит на Фиџи
Ако сакате да ја стекнете наклонетоста на вашиот иден свекор, сè што треба да направите е да му дадете полиран заб од кит, наречен табуа. Тоа сигурно ќе го охрабри да дозволи венчавка. Патем, на Фиџи, заб на кит се подарува и во други важни прилики.

Катанец на љубовта во Франција
Овој ритуал се одвива на мост во Париз. Паровите носат катанци и брави со нивните врежани имиња или иницијали. Потоа ги закачуваат на мостот, а клучевите се фрлаат во реката. Се верува дека на тој начин нивната љубов ќе биде вечна.

Фото: Илустрации

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на …