(ФОТО) ВО БРАК СЕ 60.ГОДИНИ – 12. МЕСЕЦИ БИЛЕ РАЗДВОЕНИ ПОРАДИ КОРОНА, СЕГА ПОВТОРНО СЕ СРЕТНАЛЕ: Ова се вика љубов за цел живот, нивната средба многумина расплакала!

Стенли и Мавис Харбор од Болтон не се виделе од февруари минатата година, откако Мавис последен пат го посетила својот сопруг во пресрет на прогласувањето на пандемијата на вирусот корона. Сега се повторно заедно.
Минатиот февруари, 83-годишниот Стенли не ни помислувал дела цела година нема да ја гвиди својата сопруга. Во септември 2019 година, поради деменција, се преселил во дом за стари лица. Карантинот и специјалните мерки во домовите траеле предолго за овој пар. Тие не се виделе цела година.
За конечно да бидат заедно, и Мавис се преселила во истиот дом. Таа се вселила на почетокот на јануари, а персоналот ја снимил нивната трогателна средба.


„Стенли се всели во домот во септември 2019. година поради влошена деменција, а Мавис и тој последен пат се видоа во февруари минатата година, непосредно пред да се прогласи пандемијата на корона вирусот, објавил Manchester Evening News.
После тоа, Мавис не можеше да го посети својот сопруг скоро една година.
Тие признала дека се чувствувале изгубена во изминатата година, бидејќи биле неразделни од случајната средба кога се заљубиле, на прв поглед, кон крајот на 1950-тите. По повторната средба, нивните очи биле полни со солзи, а некои од вработените не можеле да ги контролираат своите емоции.



Стенли ја дочекал својата сопруга со букет цвеќе.
„Не можев да верувам кога ја видов Мавис, тоа беше како сон“, рекол тој.
„Убаво е што го видов Стенли. Ми недостасуваше толку многу што плачев цело време. Среќна сум. Никогаш повеќе не сакам да бидам одвоена од него. Се чувствувам изгубено без него“, рекла Мавис.

Фото: Принтскрин/Mirror


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …