На Телма, наскоро, втората сезона од „Преспав“

Долго време она што недостасуваше на нашиот пазар беше македонски ситком. Но, и на таквиот недостиг се чини дека му дојде крајот со снимањето на хумористична серија во македонска продукција веќе позната меѓу гледачите како „Преспав“. Она што посебно не радува и изненадува е што ова е еден одлично продукциски спакуван производ кој се бави со случки и личности нам многу добро познати, шармантен и суптилен хумор кој ја прави еластична старосната граница на кого се обраќа. Идејата не е да ја афирмираме Преспав само затоа што е македонски производ…пораката оди многу подалеку од ова и предностите и бенефитите се повеќенасочни.
Инспирирана од британските ситкоми, адаптирана на македонски услови, “Преспав” ќе доживее и трета сезона. Снимањето на третата сезона ќе започне на пролет. До тогаш Телма ќе ја прикаже втората сезона од приказната за пансионот во Преспа и неговите сопственици и вработени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …