На Телма, наскоро, втората сезона од „Преспав“

Долго време она што недостасуваше на нашиот пазар беше македонски ситком. Но, и на таквиот недостиг се чини дека му дојде крајот со снимањето на хумористична серија во македонска продукција веќе позната меѓу гледачите како „Преспав“.

Телевизијата од секогаш играла важна улога во животот на човекот. Луѓето сакаат да гледаат работи со кои лесно се поистоветуваат, работи кои ја предизвикуваат нивната љубопитност и ги засмејуваат. Зарем има поголема релаксација од отргнувањето на секојдневните животни случки со 50. минутна добра серија? Покрај релаксацијата, навиките и забавата луѓето во нив гледаат и социјална компонента бидејќи, нели, сериите најдобро се следат во друштво или во кругот на семејството. Живееме во време кога снимањето на телевизиски серии стана голем предизвик, дури и во Холивуд тоа е веќе престиж, па високо-буџетните серијали станаа се’ почести и нудат контраверзни, предизвикувачки содржини со врвна уметничка екипа.
Македонскиот ситком што ја освои младата генерација во Македонија  продолжува со нови продолженија. Ликовите кои ни се врежаа во срцата повторно ќе не смеат со нивниот хумор, авантури и интересни реплики оваа ТВ сезона.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …