Мали совети кои можат многу да значат во бракот: Имајте на ум дека никој не е совршен

Покажувајте љубов
Покрај тоа што ќе му кажете на вашиот сопруг дека го сакате, треба да му го покажете тоа. Не, не ви требаат скапи подароци за такво нешто. Можете да му ја покажете вашата љубов со начинот на кој се однесувате кон него. Помогнете му да не заборави нешто важно додека се подготвува за работа, потсетете го на роденденот на добар пријател или годишнината од бракот на неговите родители. Покажете му дека мислите на него и се грижите за работите што го засегаат.

Покажете му дека го цените неговиот труд
Никогаш не дозволувајте вашиот сопружник да се чувствува како да го земате здраво за готово. Не прескокнувајте да му се заблагодарите што отиде во пекара рано наутро за да ви го донесе омиленото пециво. Посочете како ви го поправил денот кога ви сварил кафе. Без разлика колку минијатурен е неговиот потфат, секогаш изразувајте благодарност. Тоа само ќе го поттикне да направи повеќе и да се труди повеќе.


Одржувајте романса
Заборавете на митот дека држењето за рака, бакнувањето, гушкањето и мазењето се само за новите парови. Одржувањето на романтиката во живот е клучно за опстанокот на бракот. Никогаш не дозволувајте некој да ве убеди во спротивното. Најдете време за интимност, за водење љубов и за споделување страсти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк на „Генералка викенд“ – за почиста животна средина во Битола

Бимилк се вклучи во најмасовната еко акција „Генералка викенд“. Повеќе од 110 вработени на Битолска …