Какво време ни донесува првиот ден во оваа зима?

Денеска, 21 декември во 17 часот и 28 минути по локално време започнува календарската зима.

Инаку времето што го очекуваме ќе биде релативно слично како и во текот на претходниот ден, со локална слоеста облачност по котлините, а на повисоките планини прекрасно, сончево време.
Сепак, западниот крај има повеќе веројатност за подолги сончеви периоди.
Минималната температура насекаде ќе биде негативна и со вредности помеѓу -6°С и -1°С во поголем дел од населените места, додека на повисоките места вредностите ќе бидат помеѓу -12°С и -8°С.
Границите во кои ќе бидат вредностите на максималната ќе бидат помеѓу 1°С и 3°С во северниот и западниот регион, а долж југот на повардарието и југоисточниот крај помеѓу 3°С и 6°С. На повисоките населени места во земјава температурата во текот на целиот ден останува со негативна вредност, односно со максимална вредност помеѓу -5°С и 0°С.
Скопската котлина ја очекува промеливо време, со поголема веројатност за сончеви периоди споредено со претходниот ден.Температурата ќе има минимална вредност околу -4°С, а максимална вредност околу 2°С најавуват од meteopro.mk.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …