(ФОТО) Тања Кочовска стана баба: Од радост легна пред болницата!

Нашата популарна актерка Тања Кочовска стана баба. Имено, нејзиниот син Александар и снаата Моника добија син кој ќе се вика Јоаким.


Тања објави слика како лежи пред болницата „Аџибаден Систина“, од среќа што нејзиниот син има потомок, а на другата слика таа е во костум од претстава. Тања се во животот прави на оригинален начин, па и веста дека стана баба ја соопшти така.
„Да бе дааа, баба. И Предраг дедо, Јоаким се роди“, напиша Тања на Фејсбук, и објави две многу интересни слики од неа.


Александар е син од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски – Љац. Таа во интервју за „Репортер“ раскажа за односот на синот со ќерката Нела, која ја има од вториот брак со актерот Предраг Павловски. Нела е исто така успешна млада актерка.
Тања во февруари објави дека нејзиниот син, Александар Ендровски се оженил со неговата избраничка Моника Саздовска. Таа до сликата од младенците напишала шеговит коментар: Да бе да, бидна!

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …