(ВИДЕО) Торнадо опустоши делови од Германија: Околу 50 повредени, неколку загинати

Повеќе од 50. луѓе се повредени, меѓу кои десет сериозно во Падерборн, во западна Германија, каде што ечеше „торнадо“, изјавил портпаролот на полицијата. Според досега познатите информации, загинале неколку лица, а за три лица е потврдено.
Торнадото предизвикало значителна материјална штета и на градот во покраината Северна Рајна Вестфалија, која го зафати невремето кое моментално минува низ Германија, а се појави по невообичаено високите температури за овој период од годината.


И градот Липштад, на околу 30 километри, најверојатно бил погоден од торнадо, изјавил портпаролот на противпожарната служба. Засега нема извештаи за повредени.
Невремето зад себе остави бројни штети во областа во западна Германија, а полициските сили пријавија голем број урнати покриви и откорнати дрвја.
Во прекин бил и железничкиот сообраќај.
Германската метеоролошка служба вчера објавија дека ударите на ветерот на места достигнувале брзина од 130 км/ч.

Невремето ги опустоши и околните градови, при што загинаа три лица
Тешка штета од невремето е забележана и во блискиот град Липштад. Срушена е црковна кула во градот, а германската новинска агенција ДПА објави дека повеќе од 100 луѓе се привремено задржани во локалниот отворен базен, откако соборените дрвја го блокирале излезот.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на најновиот македонски игран филм „Убиј ги прво децата“ вечерва во Кинотека

Вечерва, со почеток од 20:00 часот во Кинотека на Македонија – проекција на „Убиј ги …