(ФОТО) ТАА ГИ ПОБЕДУВА ПРЕДРАСУДИ: Фотографии од бајките на нејзината посвоена ќерка со Даунов синдром го освојуваат светот

Лиза ја инспирирала мајка си да почне да прави прекрасни костими за неа. Катерина сакала да создаде бајка околу нејзината ќерка. Бидејќи тоа не е секогаш можно во животот, таа решила да го направи тоа преку фотографии. И се покажало како неверојатна авантура.

Лиза, како и повеќето девојчиња, ја сака својата нова облека. Половина ден може да проба различни фустани и да се врти пред огледало. Сликањето за неа е еден вид игра. Родителите никогаш не го принудуваат девојчето да го прави она што таа не сака. Доколку не е расположена за фотографирање, едноставно одложуваат за друг ден.
Пред оваа мајка ималоло голем предизвик а она што и помогнало да ја направи Лиза среќна и задоволна било трпението, многу, многу, трпение.
Единствено што и пречи на оваа храбра жена е односот на другите кон децата со посебни потреби. Реакцијата на луѓето не е секогаш позитивна, па мајката на Лиза направила страница на Инстаграм. Таа само сакала луѓето да разберат колку се посебни и прекрасни овие деца.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …