Одлуката за посвојување дете сама по себе е чин достоен за восхит, а кога се работи за дете кое има некаков здравствен проблем, тоа восхитување може да биде само уште поголемо.
Ова е приказна за храбрата жена Катерина и девојчето со Даунов синдром по име Лиза. Имено, Катерина долго сонувала да посвои деца без родителска грижа. Како мала одлучила дека токму таа ќе обезбеди топол дом за напуштените деца. Кога таа и нејзиниот сопруг почнале со процесот на посвојување, не знаеле дека ќе добијат девојче со посебни потреби.
На почетокот тие сакале мало, здраво бебе. Но, подоцна дознале дека имало 5-годишна листа на чекање за вакво дете. Идните родители сакале да им пружат помош на оние деца на кои тогаш им била потребна помош и кои другите избегнуваат да ги посвојат.
Не морале долго да размислуваат, секое второ дете во базата на податоци имало Даунов синдром. А Лиза, нивната идна ќерка, била најнеобичното бебе, бидејќи изгледала како хероина од цртан филм.
Нивната прва средба била полна со емоции. Иако Кетрин била малку нервозна, на прв поглед сфатила дека девојчето е создадено за неа. Таа веднаш станала дел од семејството.
View this post on Instagram
Често се вели дека посвоителите веднаш можат да го „почувствуваат“ своето дете. Кога ја видела Лиза, Катерина, почувствувала „пеперутки во стомакот“. Но, не можеле веднаш да ја однесат дома, бидејќи морала да ја следи процедурата и да ги среди документите. На пат кон дома, Катерина не можеше да ги задржи емоциите и солзите.
„Се чинеше дека ја изневерувам оставајќи ја сама во домот. Но, моравме да ја завршиме целата документација пред да ја донесеме во нашата куќа. Исто така, Лиза мораше да научи да ги препознава своите чувства – изјавила Катерина во интервју за Bright Side.