Шестотини скопски средношколци и наставници ќе бидат дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“

Во 23 средни училишта на Град Скопје деновиве започа реализацијата на четвртиот циклус тримесечни бесплатни online настава за изучување на македонскиот, албанскиот и турскиот јазик. Наставата е наменета за ученици и наставници, а истите се дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ предвиден во Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост и во Програмата за активности на Град Скопје од областа на образованието за 2022 година.

Со оваа активност ќе бидат опфатени вкупно 594 наставници и ученици, дел од нив ќе следат почетен степен, а дел продолжителен.


Согласно со искажаниот интерес:

– 234 ученици и 3 наставници ќе следат почетна настава за изучување на македонскиот јазик;


-71 ученик и 17 наставници ќе следат почетна настава за изучување на албански јазик, додека 12 ученици и 27 наставници ќе следат продолжена обука;

– 172 ученици и 36 наставници ќе посетуваат почетна настава по турски јазик, додека 11 ученици и 11 наставници ќе следат продолжителна обука.


На овие часови младите ќе имаат можност да стекнат основни познавања на јазикот на кој зборуваат нивните соученици, што ќе придонесе за нивна полесна јазична социјализација. Проектот има за цел стимулирање на училишните заедници да градат и развиваат позитивни интеракции помеѓу учениците и наставниците од различни етнички заедници.

Часовите на изучување на јазиците ги држат наставници вработени во средните училишта и истите се логистички и финансиски поддржани од Град Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …