(ФОТО) Се’ за најмладите: Телефонот на Меланија и Доналд на Бадник не престанал да ѕвони, а Божик го минале со внуците на претседателот

Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со првата дама на САД Меланија Трамп вчера на Бадник направиле гест кој го стопли срцето на милион деца ширум САД.
Двајцата преку телефонски повици им одговарале на децата каде во моментов се наоѓа Дедо Мраз.
Семејството Трамп директно од дневната соба на својот имот во Флорида каде што
престојуваат за време на Божиќ одговарале на повиците како дел долготрајната традиција која трае 60. години.
Оваа традиција е именувана „Народот по потрага по Дедо Мраз“, а Трамп на децата од Мисисипи им одговарал дека државата е многу голема и предвидел дека Дедо Мраз ќе пристигне во секој дом бидејќи децата биле умни.
На детските желби од Вирџинија Трамп наидел и на една поинаква желба на дете кое под елката посакало да пронајде материјал за градежништво, а на тоа тој му одговорил дека и тој од секогаш посакувал да добива такви подароци, а оваа желба очигледно му се исполнила бидејќи денес тој има и голема градежна империја.
Инаку претходно Трамп преку видео линк им посакал среќен Божиќ на американските војници ширум светот како и на нивните семејства.


Денешниот ден Меланија и Доналд Трамп го минале со семејството и внучињата на претседателот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Не пуштила солза кога умрела Дијана, но тоа го направила во овие 2 ситуации: Зошто тогаш светот ја видел Елизабета како плаче?

Никој не можел да види солзи на лицето на кралицата, освен во овие две ситуации. …