(ФОТО) Вал Килмер проговорил за битката со канцерот!

Последните две години познатиот актер ги мина од негирање дека има канцер на грлото до крајна отвореност во однос на својата болест…
Кога пред две години Мајкл Даглас отворено рече дека неговиот колега Вал Килмер ја има истата боелст која тој ја победил, поранешниот Бетмен беше многу диретен нарекувајќи го лажго и дека е тој сосема здрав. Но, како одминуваше времето а посебно после изјавата на неговата мајка која на јавноста и соопшти дека нејзиниот син, Вал Килмер, не сака да оди на третамни и планира канцерот на грло да го победи со молитви беше јасно дека познатиот глумец минува низ тежок период.
Вал Килмер одлучил да открие низ што минувал од 2015. година, кога му е
дијагностициран канцер, за што долго не сакал да зборува во јавноста.
„Бев премногу сериозен за животот, пред да се разболам од тешката болест. Знаев да се изнервирам кога на пример нема да бидам номиниран за Оскар. Мерил Стрип сигурно е многу среќна поради своите Оскари. Важно е да те сакаат луѓето, да си сакан“ – изјавил Вал Килмер (57)
Поради рак на грлото актерот се подложил на трахеотомија, а поради истата има необичен рапав глас и краток здив додека разговара со другите.
По некое време откако дознал дека има канцер, неговата ќерка Мерцедес доживеала сообраќајна несреќа, во која тешко ја повредила ногата.
„Верата му помогна да излезам на крај со се’. Ми помогна да ги пребродам сите кризи“ наведува за американските медиуми Вал Килмер кој е познат по улогите “Top gun”, „Дорс“ и „Batman Forever”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …