Од утре нов циклон со силен ветер и дожд, а во недела…

Почнувајќи од синоќа (понеделник) ширум Балканскиот полуостров временската состојба ќе се менува поради влијание на нов силен циклон. Поради тоа ќе започне да дува ветер од јужен и од југозападен правец кој полека ќе засилува по интензитет па така веќе особено од среда и особено ноќта кон четврток на многу места на Балканот ќе дува силен јужен и југозападен ветер понекаде со олујни удари и тоа со брзина од дури преку 100 км/час. Силен ветер ќе има во Хрватска, Босна и Херцеговина, долж Јадранот, Црна Гора и Србија а во четврток засилен ветер ќе има и во нашата држава.
Ширум Балканот ќе има и врнежи кој ќе бидат и поинтензивни на некои места проследени со локална нестабилност и појава на грмежи.
Поради поинтензивните врнежи на некои места и локалната нестабилност не се исклучува можноста за поголемо количество на врнежи и поројни поплави.
Циклонот кој ќе го зафати Балканскиот полуостров ќе ја зафати и нашата држава па така веќе во среда попладне на запад можен е слаб локален дожд додека на високите планини од околу 2000. метри па нагоре ќе има слаби врнежи од снег. Исто така во среда ќе започне да дува умерен, на некои места засилен а во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец во поголем дел од државава.
Во четврток најрпвин на запад и југозапад ќе има врнежи од дожд кој попладнето и вечерта ќе се прошират во поголем дел од државава додека на повисоките планини ќе паѓа снег. Не се исклучува можноста и за локална нестабилност проследена со поинтензивни врнежи и грмежи.
Најинтензивни врнежи ќе има во западната половина од државата каде локално ќе наврнат околу па и над 30 л/м2 воден талог. Во четврток навечер како и ноќта кон петок и во петок поради падот на температурите на воздухот снежната граница ќе се спушти на околу па и нешто под 1000 м.н.в.
Одсега гледано петок попладнето и вечерта провејување на снег би имало и на пониските предели од државава најавуваат од .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …