(ФОТО) СЕ СЕ ВРАЌА, СЕ СЕ ПЛАЌА – КАРМАТА ДОШЛА И ПОРАНО ОТКОЛКУ ШТО МИСЛЕВМЕ: Шакира му се ОДМАЗДИ на Пике, а не мораше ниту прст да крене! Сите му се СМЕАТ!

Шакира и Пике поминаа 12. години заедно и ги имаат синовите Милан и Саша, а по неколку месеци молк колумбиската музичка ѕвезда неодамна во интервју за Elle призна дека не и е лесно.
„Па, многу е тешко да се зборува, особено затоа што првпат ја спомнувам ситуацијата во интервју“, несигурно почнала таа.

This image has an empty alt attribute; its file name is sakira-2.jpg


„Молчев затоа што само се обидував сето тоа да го обработам. Хм, и да, тешко е да се зборува за се, особено затоа што сè уште поминувам низ тоа, а ние сме јавни личности, така што оваа разделба не е обична. Беше тешко, не само за мене туку и за моите деца. Неописливо тешко“, рекла Шакира. „Се обидував да ја прикријам ситуацијата пред децата, се обидував да ги заштитам, тоа е мојата главна мисија во животот“.
Но, на славните родители не им е секогаш лесно. На крајот на краиштата, синовите на Шакира имаат социјален живот, а децата и нивните родители се делумно информирани за тоа што се случило во домот на Шакира и Пике.

This image has an empty alt attribute; its file name is pike.jpg


„Тие слушаат работи од нивните пријатели на училиште или наидуваат на непријатни и лажни вести на интернет и тоа влијае на нив, знаете“, открила пејачката.
Сепак, таа не сакала да одговара на прашања за изневерувањето на Пике и новата девојка.
„Мислам дека тие детали се премногу приватни за да ги споделам, барем во овој момент бидејќи сè е толку свежо. Можам само да кажам дека дадов се за оваа врска и моето семејство“, рекла Шакира.
Пике и пејачката неодамна беа видени заедно на играта на нивниот син, но не комуницирале, ниту се поздравиле.

Извор: Story.hr


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …