(ФОТО) Специјално издание на познатиот календар – австралиските пожарникари ја подигнаа температурата

Австралиските пожарникари традиционално објавуваат календар секоја година, а приходите од продажбата одат за хуманитарни цели.


Една од главните специфики на календарот е тоа што пожарникарите позираат речиси голи, во друштво на различни животни, сè за да ја подигнат свеста за нивната ранливост. Исто така, целиот приход од продажбата оди за разни хуманитарни организации кои немаат доволно средства.
Инаку, календарите почнаа да се произведуваат и продаваат во 1993. година, а годинава пожарникарите одбележуваат посебен датум.

View this post on Instagram

A post shared by Aus Firefighter Calendar (@australianfirefighterscalendar)


По повод 30. години од формирањето на календарот, овојпат решија да направат специјално издание за сите љубители на пожарникарите, а по тој повод издадоа календар на пожарникари фотографирани во фармерки, без кошули.
Цената на календарот е 14,77 евра, а го нарачуваат луѓе од целиот свет, особено од Европа.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …