(ФОТО) СЕ СЕ ВРАЌА, СЕ СЕ ПЛАЌА – КАРМАТА ДОШЛА И ПОРАНО ОТКОЛКУ ШТО МИСЛЕВМЕ: Шакира му се ОДМАЗДИ на Пике, а не мораше ниту прст да крене! Сите му се СМЕАТ!

На секои неколку дена славниот шпански фудбалер ќе биде принуден да го носи името на жената со која помина 12 години, а потоа и го скрши срцето.
Како што пренесуваат европските спортски медиуми, Жерар Пике во иднина би можел двапати неделно да носи маица на која пишува – Шакира!
Имено, неговиот фудбалски клуб Барселона има договор со музичката платформа Spotify, чии челници сакаат да промовираат некои музички ѕвезди така што нивните имиња ќе бидат испишани на дресовите на спортистите, а се шпекулира дека името на Шакира ќе стои и на дресот на Барселона.

This image has an empty alt attribute; its file name is sakira-1.jpg
Познатиот шпански новинар Мојсес Лоренс тврди дека се било договорено пред потпишувањето.
Се уште никој не одговорил на овие тврдења: ниту Барселона, ниту Спотифај, ниту шпанската Ла Лига, па останува да видиме дали фудбалерот ќе го видиме во маица со името на жената на која што неодамна и го скрши срцето.
Да потсетиме, Жерар Пике и Шакира пред неколку месеци објавија дека ставиле точка на нивната врска.
„Со жалење потврдивме дека се разделуваме. За доброто на нашите деца, кои се наш прв приоритет, бараме да ја почитувате нивната приватност. Ви благодариме на разбирањето“, беше се што рекоа Шакира и Пике.


Набрзо беше откриено дека Пике ја изневерувал пејачката со водителката и студентка Клара Киа Марта, а дури се шпекулираше дека Шакира го фатила фудбалерот во кревет со љубовницата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …