Откријте модни трикови кои ќе направат да изгледате помлади
Додатоци може да додадат на секој аутфит или целосно да го уништат. Тие исто така можат да ви додадат години, но ако изберете добри додатоци, всушност е можно да го вратите времето и со помош на додатоци да изгледате до 5. години помладо.
Неколку идеи за носење аксесоари кои ќе направат да изгледате префинето и младо:
Шешир
Освен што прави да изгледате како дама, може да ве заштити од надворешни влијанија. Во продажба има безброј модели, кои одлично ќе се вклопат со вашиот аутфит.
View this post on Instagram
Очила за сонце
Ќе ги заштити вашите очи од сончевите зраци, а освен тоа ќе изгледате како холивудска ѕвезда. Тие се одличен избор доколку изгледате уморно и не сте имале време да се нашминкате. Она што е важно е да се внимава при изборот на модел, а обликот на очилата да се усогласи со обликот на главата.
Накит
Добриот накит ќе направат повеќе од половина од работата кога станува збор за вашата облека. Доколку се одлучите за класична облека, без многу детали, накитот ќе направи чуда и ќе го зачини вашиот аутфит. Внимавајте да не претерате кога станува збор за накитот, и запомнете ја познатата реченица „Помалку е повеќе!“.
Чанта
View this post on Instagram
Ако имате добра чанта, сè друго може да оди во втор план. Без разлика дали сте некој кој сака да експериментира или некој кој ги сака класиците, пазарот нуди различни модели кои ќе ве воодушеват. Во лето бирајте весели тонови, а за зима оставете ги основните бои како црна и беж.
View this post on Instagram
Фото: Илустрација