(ФОТО) ПОСЛЕ 10 ГОДИНИ – Холивудскиот заводник се враќа на актерството, откако за улогата се трансформирал до непрепознатливост

Актерот Брендан Фрејзер, најпознат по улогите во филмовите „Мумија“, „Џорџ од џунглата“ и „Патување до центарот на земјата“, се врати на актерството по десетгодишна пауза.
Во новиот филм на Дарен Аронофски „The Whale Man“, Брендан глуми човек тежок 270. килограми, а на интернет се појавија првите фотографии од неговата неверојатна трансформација.


Брендан глуми човек кој се бори со дебелината и се обидува повторно да се поврзе со својата 17-годишна ќерка. Премиерата на филмот ќе се одржи на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција, а во филмот играат и Сејди Синк од популарната серија „Stranger Things“, Хонг Чау, Саманта Мортон и Тај Симпкинс.
„Ќе биде нешто што никогаш не сте го виделе досега. Тоа е навистина сè што можам да ви кажам. Гардеробата и костимот беа беспрекорни, масивни. Ова секако е многу различно од сè што сум направил, но да не бидам срамежлив, знам дека ќе остави траен впечаток“, изјавил актерот минатата година.
Поради улогата за која се здебелил десетици килограми, многумина на Брендан му предвидуваат Оскар.

Потсетуваме, Фрејзер во 2018. година изјави дека Холивуд го ставил на „црната листа“, тврдејќи дека поранешниот претседател на Здружението на странски новинари во Холивуд сексуално го нападнал.
Тој тврдел дека Филип Берк од HFPA го нападнал во хотелот Беверли Хилс во 2003. година и дека наводниот инцидент му предизвикал депресија.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …