На снимката од страшната несреќа се гледа како Lamborghini Urus оди со голема брзина по патот, а неговиот возач донесува погрешна одлука. Решил да го игнорира знакот за Стоп и да забрза низ раскрсницата.
Во тој момент на него од страна налетува теренец Нисан и го фрла на покривот. Ламборџинито завршило во дворот и при превртувањето успеало да ја сруши оградата и да ја оштети куќата. На крајот се запалил.
Добрата вест е што во несреќата нема жртви, но причинета е голема материјална штета. Подоцна било утврдено дека теренецот Ламборџини бил изнајмен, што делумно објаснува зошто возачот возел крајно несовесно. 24-годишниот возач побегнал од местото на несреќата, но подоцна се огласил и рекол дека бил збунет и отишол во болница.
Фото: Принтскрин/Facebook/Fort Lauderdale Fire Rescue