(ВИДЕО) Бојана со честитка за Илинден: Денес го промовираше спотот за „Море сокол пие“!

Со гордост ви го најавуваме најновиот проект направен од душа и со душа, а со потписот на Бојана Скендеровски. Станува збор за преработката на една од најубавите македонски песни со наслов „Море сокол пие“, која доби верзија во изведба на Бојана. А токму сработеното Бојана реши да ѝ го подари на својата публика денес, на големиот празник Илинден.

This image has an empty alt attribute; its file name is more-sokol-pie-bojana-1.jpg
„Ова е моја честитка за Илинден. Патриот сум во душа, а сега во овие сензитивни времиња за нашата земја и народ во кои сме принудени да го браниме своето и да го докажуваме сето она што е наше и ни припаѓа, се почувствував должна како уметник да го направам овој проект“, вели Бојана и додава дека својата љубов кон родољубивите песни кои често ги пее решила да ја искаже токму преку изведбата на „Море сокол пие“.
„На музиката работеа многу познати инструменталисти на народна музика, сѐ е снимено во живо затоа што сакавме да има душа“, додава Бојана.


This image has an empty alt attribute; its file name is more-sokol-pie-bojana.jpg
Видеото е со потписот на Дарио Јанковиќ, а кадрите се снимани на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Мариово, Велес, Кокино, Старо Нагоричане во црквата Св. Ѓорѓи, стара повеќе од 1000. години.
„Овој проект е во чест на сите Илинденци кои го дале својот живот за да ја имаме оваа наша Македонија, која во овие турбулентни времиња мораме да ја сочуваме онаква каква што ни ја оставиле во аманет“, завршува Бојана.
Нека ни е вековит Илинден и Македонија!


Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …