(ФОТО) Ова е новиот дом на Крис Џенер во најлуксузниот дел на Лос Ангелес

Мајката на славните риалити ѕвезди, сестрите Кардашијан, Крис Џенер, овие денови се преселува на новиот простран имот во еден од најлуксузните делови на Лос Ангелес, Хајден Хилс. Ѕирнете во луксузното здание на нејзиниот нов дом…
За да биде поблиску до својата миленичка Ким Кардашијан, која наскоро по трет пат ќе стане мајка, Крис Џенер купила имот и луксузно опремена вила веднаш до својата ќерка.
Пространиот имот за кој издвоила 10. милиони долари се протега на неколку хектари и освен надворешниот и внатрешниот базен има и мала кино сала, игротека и спа центар во кој може да собере 10. лица.
Иако луксузната вила засега е опремена на ниво и дизајнерски беспрекорна, наводно на нејзиното уредување Крис ќе вложела дополнителни 10. милиони.
Веќе при самото влегување во куќата се гледа доза на модерен интериер, со дрвени детали и многу стаклени површини кои го отвораат просторот.
Многуте големи прозорци даваат доволно дневно светло во скоро сите простории.

На богатата риалити ѕвезда пријатен престој во новиот дом ќе и обезбеди и големата спална соба која е поврзана со бањата. Двете простории ги дели само стаклен ѕид што овој простор го прави уште поинтересен.
За да има каде да го собере своето големо семејство Крис се погрижила кујната да има доволно простор, а трепезриската маса доволно голема.
Поради својата љубов кон скапи „крпички“ и шопингот, славната баба има и „walk- in“ орман, кој ова куќа исто така го нуди.
Меѓутоа, можеби на имотот е најубав надворешниот дел. Зелената оаза во чиј центар се наоѓа голем базен и тераса за летни и пролетни збави, сигурно најмногу ќе ги израдува најмладите членови на славното семејство.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …