(ФОТО) Љубовта цвета: Ричард Гир не ја испушта од рака својата 33. години помлада девојка

Актерската легенда во понеделеникот вечер, во Мадрид, се појавил на црвениот тепих на премиерата на филмот „Вечера“. Ричард Гир пристигнал со својата убава девојка Алејандра Силва, а на новинарите им изјавил дека нивната љубов е се’ посилна…
Откако се вљубиле во 2015. година, глумецот Ричард Гир и неговата 33. години помлада девојка Алејандра Силва не се разделуваат. Така било и за време на премиерата на филмот „Вечера“. Двојката по црвениот тепих се прошетала многу ускладена, во црно – бела комбинација, а глумецот не се срамел да ја покаже својата љубов кон Алејандра цврсто држејќи ја за рака додека насмеани им позирале на фоторепортерите.
Гир, освен „Вечера“, неодамна го промовирал и „Три Христа“, а во него глуми прихијатар кој лекува три лица кои мислат дека се Исус.

Со 34. годишна ПР стручњакиња, ќерка на Игнацио Силва, бивш финансиски потпретседател на фудбалскиот гигант Реал Мадрид, ја започнал врската уште додека бил во брак со Кери Ловел. Првпат заедно се видени на хуманитарен настан во Шпанија, во септември 2016. година. Врската поради деловни обврски ја одржуваат на релација Мадрид – Њујорк, а заедно се ангажирани во бројни хуманитарни организации и проекти.


Колку Алејандра е вљубена во Гир, покажува со честите фотографии на Инстаграм. Неодамна таму му го честитала роденденот со нежната порака:„
Денес го славиме твојот ден. Среќен ти роденден, најмило мое! Благодарна сум што во мојот живот имам извонредно и посебно човечко битие. Поради тебе знам што е важно во животот. Бескрајно те сакам со сето мое срце“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …