(ФОТО) Науката потврдила: На жените најпривлечни им се мажите кои ги уриваат стереотипите

Доколку сакате да го направите вашиот партнер попривлечен, купете ракавици и средства за дезинфекција како подарок изненадување. Научниците откриле дека жените повеќе ги привлекуваат мажите кои ги кршат стереотипите и се активно вклучени во домашните дработи, пренесува Bright Side.

Според резултатите од анализата на психолозите Скот Колтран и Микел Адамс од Универзитетот во Калифорнија, жените поатрактивни и попожелни ги сметаат мажите кои се’ повеќе сппремаат по дома.


View this post on Instagram


Just so y'all know who was doing the baking today… Yeah, buddy! Your boy got it in! Merry Christmas and stuff…

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake) on


Нивните откритија беа поддржани од Советот на современи семејства, кој истакна дека и жените работат со полно работно време. Двојките кои подеднакво ги практикуваат и домашните работи се позадоволни од нивниот брак.
Психологот Готман спровел свое истражување, чии резултати го поддржаат истражувањето на психолозите споменати погоре. Неговото истражување открило дека жените ја гледаат вклученоста на нивниот сопруг во домашните задолженија како гест на љубовта, што ги прави нивните партнери попривлечни.

Збогум стереотипи

Анализата ја дискредитира идејата дека мажите се помалку мажи ако редовно вршат домашни работи, чуваат деца, прават вечера или ги бришат подовите. Во стварноста ситуацијата е спротивна, помагањето во домот е пожелно и привлечно,и може дополнително да ја зајакне вашата врска.
Мажите вклучени во домашните работи оставаат добар пример за своите синови

Татковците со своето учество во домашниет работи оставаат добар пример за своите синови. Студијата покажала дека децата кои работат дома со својот татко подобро се согласуваат со другите деца и се дружат полесно од оние што не го прават тоа. Како дополнителен плус, истражувачите забележале дека овие деца ретко влегуваат во конфликти, создаваат проблеми на часовите, не се депресивни или не се повлекуваат од социјалниот живот. Тоа е дете со кое сите би сакале да се дружат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на …