(ВИДЕО+ФОТО) Сеќавање на Игор Маџиров: 20. години без чудесното црвенокосо момче

Секогаш топлото и насмеано лице на Игор кое ветуваше многу како иден актер, трагично го напушти овој свет во триесет и првата година од неговиот живот!
Игор е брат на светскиот, а наш познат македонски музичар Зоран Маџиров кој во сообраќајна несреќа го загуби својот животот на 9 Мај, 2017 година.
Игор Маџиров останува запаметен и по една легендарна сцена со Раде Шербеџија во филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.
Ниту еден љубител на театарот, филмот во Македонија не може да не почувствува празнина при сеќавањето на игор Маџиров, момчето кое многу ветуваше но кое трагично го заврши својот живот…


„Тажни и празни 20 години без Игор!
(1969 – 20 февруари 2000)
Денес се навршуваат 20 години од смртта на златното чудесно црвенокосо момче од светот на бајките кое преку своите улоги во истата серија, приказните и други детски тв серии и претстави ги освои срцата на гледачите!
Малиот Петар, Рувен, принцот, могли – детето од џунглата и безброј други улоги кои останаа врежани во сеќавањата на најмладите за кои тој најмногу твореше!
Секогаш топлото и насмеано лице на Игор кое ветуваше многу како иден актер, трагично го напушти овој свет во триесет и првата година од неговиот живот!
Само по 8 часа од одигрувањето на неговата последна претстава “Убавицата и Ѕверот” згасна младиот живот на Игор!


Сцената без него не е иста!
Младата публика остана без својот принц од бајките!
Игор е брат на светскиот, а наш познат македонски музичар Зоран Маџиров кој во сообраќајна несреќа го загуби својот животот на 9 Мај, 2017 година.
Игор Маџиров останува запаметен и по една легендарна сцена со Раде Шербеџија во филмот Пред дождот на Милчо Манчевски.
Нека му е вечна слава и Бог да го прости!“
Текст: Горан Марковски.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …