(ВИДЕО) РУСИНКА ГО ПРЕСРЕТНАЛА ПУТИН: „Мислиш дека може да се живее со 157. евра месечно? Одговорот на претседателот бил краток!

Рускиот претседател Владимир Путин, поради неговата висока плата,а нивните ниски приходи бил критикуван од сиромашна жителка на неговиот роден град Санкт Петербург.

Жената, која тврди дека е инвалид и има церебрален едем, го прашала шефот на Кремљ, по церемонијата во поранешната рускиа царска престолнина, како е можно да се живее во Русија со месечен приход од 10.800 рубли (околу 157 евра).
„Мислам дека е многу тешко“, признал Путин, чија месечна плата, според официјалните информации, е повеќе од 770.000 рубли (11.215 евра).


„Минималната плата за живот“ за Санкт Петербург, и во Русија е официјално 11.300 рубли (164 евра).
„Вашата плата веројатно достигнува 800.000 рубли“, му рекла жената на Путин, испрашувајќи го за кирија, дневни потреби, цени на намирници и алудирајќи на тоа дека шефот на државата не знае како живеат луѓето, особено сиромашните.



„Претседателот нема најголема плата во земјата“, возвратил Путин, велејќи дека „државата прави сè што може“, најавувајќи мерки за зголемување на социјалните примања и подобрување на животниот стандард на граѓаните.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …