(ФОТО) Кејти Холмс процвета и изгледа подобро од кога и да е:Четири стајлинзи во еден ден!

Холмс, за њујоршката модна недела пристигнала облечена во два елегантни фустани со потпис на Зек Посен. Првата комбинација се состоела од црн фустан со цветен принт и ретро крој, кој се врзувал околу вратот.

Американската актерка не е од оние дами кои претпочитаат впечатлив накит, па затоа
целокупниот стајлинг го надополнила со едноставна нараквица и класични лакирани салонки.


По одржаната ревија, Кејти била забележана во елегантен маслинест коктел фустан со куси ракави и црни салонки, додека од накит носела златна Cartier нараквица.

Истиот ден, убавицата е забележана во прошетка на Њујорк, во нејзин препознатлив стил – класични фармерки, мек волнен џемпер со цветен мотив и бела чанта.


Подоцна истиот ден,е забележана и во долг тексас комбинезон на Etienne Marcel, кој го носела со сиво сако и црни салонки и омилената нараквица на Cartier.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Едноставно и вкусно – Десерт без печење: Подгответе го тигар колачот за само 15 минути

Доколку сакате колачи, но немате време за рецепти кои бараат долга подготовка и печење, овој …