(ФОТО) Ријана направила спектакл на модната недела во Њујорк

Таа носела војничко зелена блуза со долги ракави и длабоко деколте, светло зелена јакна околу својата половина, високи чизми и очила за сонце. Изгледала полна со самодоверба, а нејзината колекција донела слична атмосфера…

Ѕвездата од Барбадос секогаш знае да направи вистинско шоу, да биде впечатлива и уникатна. После успешната промоција за новата линија за убавина сега направила успешна модна ревија за колекцијата на Фенти во соработка со Пума.
На својата модна ревија за колекцијата пролет – лето „Фенти Пума 2018“, Ријана пристигнала на пистата со мотор како вистинска рок ѕвезда и со бакнежи ги поздравила присутните.


Пистата била декорирана со розови светкави планини од пудра. На модната недела во Њујорк со најновата колекција во соработка со „Пума“ направила уште еден моден “бум”.

Таа носела војничко зелена блуза со долги ракави и длабоко деколте, светло зелена јакна околу својата половина, високи чизми и очила за сонце. Изгледала полна со самодоверба, а нејзината колекција донела слична атмосфера.
Колекцијата е мешавина на облека припиена за телото односно тесни фустани до опуштени и широки јакни. Моделите прошетале во бели и розови блузи, боди – костим за тело како и костуми за капење, шорцеви и аноракс. Во оваа четврта колекција акцентот е повеќе ставен кон спотрскиот стил со впечатлива техничка примена, различен начин на изработка, употреба на материјал и
поголем акцент на џебовите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …