„Избеганата невеста“ тоа го направила поради освета…
Младоженец од Англија и неговите 29. пријатели биле непријатно изненадени кога откриле дека невестата избегала со 13. илјади фунти наменети за свадбената веселба и на аеродромот ги оставила на цедило.
Крис Махон (27) требало да се венча со 29. годишната Рејчел Доран, па со друштвото пред летот на Ибица, каде што требало да се одржи четиридневната прослава, се собрале на аеродром. Но, набргу било откриено дека невестата, која на себе ја преземала обврската околу организацијата, не резервирала карти за авион, ниту сместување за званиците на Ибица, иако сите и дале пари.
„Избеганата невеста“ тоа го направила поради освета, бидејќи погрешно мислела дека Крис ја изневерувал. Во својата освета отишла толку далеку што на званиците им отпечатила лажни авионски карти и лого на локалната туристичка компанија.