(ФОТО) Има многу добра причина зошто Меган Маркл постојано носи штикли!!!

Високите штикли станале заштитен знак на војвотката од Сасекс.
Но, по посетата на Даблин на стадионот „Крок Парк“ минатата недела, многу луѓе се прашуваат зошто Меган Маркл одлучила на тревникот да гази со високи потпетици.


Но, има многу добра причина зошто таа одбегнува рамни обувки и зошто, откако се омажила за принцот, само еднаш ја видовме во сандали. Имено, како што пишува британски „Гламур“, Меган продолжува да носи штикли за да таа и Хари изгледаат попријатно, бидејќи е 19 сантиметри повисок од неа. Меган е висока 167.см. а Хари 186. сантиметри,наведува списанието.


“Двојките со голема разлика во висината изгледаат несоодветно на фотографиите и често пониските лица изгледаат дури и пониски отколку што се. Затоа, Меган постојано носи штикли за да ја намали оваа разлика”, објаснува Глен Грејтон од „Гламур“.


Но, штиклите не се единствениот стилски трик кој Меган го користи за да на фотографиите изгледа повисока.
“Меган често носат здолништа ’молив’ со висок струк, кои исто така создаваат илузија на издолжена фигура”, посочил фотограф.

Единствено кога Меган носела рамни сандали, откако се омажила за принцот,било на почетокот на месецот на поло-турнирот во кој Хари учествувал, но не дошле заедно, туку војвотката бил во друштво на нејзината добра пријателка Серена Вилијамс и нејзиниот сопруг.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …