(ФОТО) Како Шер и Мерил Стрип спасиле девојка

Славните глумици се на промотивна турнеја со филмот „Мама миа 2“ и сите зборуваат за нивниот бакнеж на црвениот тепих, но славните глумици се херои…
Пејачката и глумица Шер неодамна раскажала како со колешката и пријателка Мерил Стрип спасила девојка од напаѓач во Њујорк.
“Метил и јас бевме во нејзиниот стан, а таа сакаше да оди на сладолед”, почнала да раскажува Шер.
“Ја прашав дали нејзиниот крај е опасен и таа рече дека е. Првото нешто што го видовме кога излеговме беше човек кој го удираше автомобил со тула, и кога излеговме, слушнавме врискање. Видовме еден огромен човек кој ја кинеше облеката на една девојка и Мерил почна да вреска. Почнав и јас, а потоа потрчавме кон човек. Тој се сврте и почна да трча кон нас “, вели Шер.


Во трката кон насилството, пријателките се разделиле а насилникот протрчал меѓу нив.
“Се стрчавме кон девојката. Нејзината облека беше искината, а таа ја стискаше ташната. Додека се обидувавме да ја средиме колку што можеше, таа погледна во нас и рече: ’Мерил Стрип и Шер ме спасија, јас сум актерка и работам во кафуле, и сите мои пријатели ќе бидат љубоморни на мене’“, рекла Шер.
Таа се појавува во продолжувањето на мјузиклот „Мама миа“ кој овие денови го промовира со екипата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …