(ФОТО) Глумица од „Хари Потер“: „Бебето ја победи короната и дојде дома!“

Актерката Џеси Кејв, која се прослави со улогата на Лаванда Браун во филмовите за Хари Потер, неодамна на социјалните мрежи откри дека нејзиното бебе било заразено со вирусот корона. Сепак, сега таа ја сподели добрата вест – бебето се вратило дома.
Актерката и нејзиниот тримесечен син Абрахам биле пуштени од болницата Челси и Вестминстер во Лондон, каде што останале заедно бидејќи нејзиното бебе било позитивно на корона.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by JeSsIe CaVE (@jessiecave)


„Бебето пристигна дома. Ви благодарам на сите за вашите љубезни желби и пораки за поддршка. Внимавајте. Благодарам на прекрасниот персонал на болницата“, напишала актерката на Инстаграм.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by JeSsIe CaVE (@jessiecave)

Фото: instagram.com/jessiecave/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски …