(ФОТО) Глетка која потресува и буди љубопитност: Девојче и баба што проси во Белград!

До пред некоја година ги гледавме во филмови а сега се дел од нашето секојдневие. Бездомници и луѓе кои просат за да го преживеат денот се дел од нашето секојдневие, а оваа глетка од Белград никого не остава рамнодушен…
Девојче клекнува покрај баба, која проси на Кнез Михајлова во Белград, тие зборуваат извесно време, а потоа следи топла прегратка. Настанот е евидентиран со фотографии од страна на Владимир Чех, кој случајно поминал во моментот.

Авторот на фотографиите Владимир Чех, се шетал по главната градска улица и ја видел потресната глетка.


„Го видов девојчето како клечи и разговара со бабата. Кога се прегрнаа, срцето ми се стегна. Не сакав да ги вознемирам и да им пристапам, само ги фотографирав. Инаку, бабата која проси е речиси секој ден овде, недалеку од Српската академија на науки и уметности“, напишал Владимир.


Иако не се знае за што разговарале, едно е сигурно, таквите гестови ја враќаат верата во луѓето.

Се проценува дека во Белград живеат повеќе од 2.000 бездомници.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …