(ВИДЕО) ДНК анализата открива : Момчето кое тврдело дека било исчезнатото е голема измама!

По појавувањето на момчето на улица во Њупорт кое тврдело дека е исчезнатиот Тимоти Пицен од 2011. година семејството проживува уште еден шок. Американските власти соопштија дека ДНК-анализите го побиле тврдењето на тинејџерот што вчера се појави во Њупорт, Кентаки, и тврдел дека е момчето Тимоти од Илиноис, кое исчезнало во 2011. година на возраст од 6. години.

ФБИ соопштила дека ДНК тестирањето открило дека тинејџерот не е Тимоти Пицен, исчезнат од Аурора, Илиноис.


Тинејџерот ѝ рекол на полицијата дека е Тимоти и дека избегал од двајца киднапери.

Властите соопштиле дека лицето всушност е 23.годишен маж од Охајо.


ЕКРАН за овој случај пишуваше утрово, а во ОВАА ВЕСТ можете да ги прочитате сите детали за овој случај.


Шефот на полицијата во Њупорт, Том Колинс, изјавил дека лицето е Брајан Рини од Медина во североисточно Охајо.

Евиденцијата од државниот затвор покажала дека маж со тоа име бил ослободен од затворот на 7. март, откако отслужувал казна за провална кражба и вандализам.

Човек со тоа име, исто така, се изјаснил за виновен за обвиненија за кражба во јануари 2018. година и користење фалсификувани чекови во декември 2015. година, според записите на окружниот суд на Медина. Истиот човек повеќе пати е пријавен во Општинскиот суд Медина, поради возење без валидна дозвола, неуредно однесување и кражба.

Семејството на момчето од Илиноис што исчезнало во 2011. година вели дека се очајни откако полицијата утврдила дека лицето што тврди дека е Тимоти Пицен очигледно мамело.

Кара Џејкобс во четвртокот изјавила, за новинарите, дека дознавањето дека нејзиниот внук не е пронајден е „како повторно да го преживува денот“ кога исчезнал. Андерсон, исто така, рече дека неговиот татко, Џејмс Пицен, „пак е уништен“.

Тимоти Пицен исчезнал кога неговата мајка се самоубила откако оставила белешка дека нејзиниот 6.годишен син е добро, но дека никој никогаш нема да го најде.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …