(ВИДЕО) Со МАКЕДОНСКИ фолклор си прават кариера:„Тамбуритзанс“ со македонски песни и ора ја освојуваат Америка!

Веќе пишувавме дека фолклорниот ансамбл „Тамбуритзанс“ од САД во Санкт Патерсбург ја изведува „Ој, Јано, Јано“ и бевме горди на тој момент…
Во смисла, македонскито фолклор е толку богат што сите го користат. Но, оваа фолк група од САД, инаку составена од студенти од сите делови на светот, во својот репертоар користи и македонски ора.
Гледајќи ги ни се наметна прашањето – каде е Танец, македонската фолк икона и што работи?
Со оглед на популарноста на „Тамбуритзанс“ и аплаузите кои ги добиваат јасно е дека македонските ора се привлечни за публиката, а додека нашите фолкери се борат за опстанок нив на светската јавност ќе им ги донесува „Тамбуритзанс“…
Погледнете:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …