Винчини на „Biscuit people conference“

Винчини е поддржувач на втората меѓународна конференција на платформата„Biscuit people“, која оваа година се одржува во Пула, Хрватска.

Се работи за конференцијаод областа на кондиторската индустрија, која има за целдагисобере и обедини водечкитекомпании воиндустријата, независнитеконсултанти и другитебисквитекспертиштоќепоттикненовиистражувања,разменананивнитезнаења, искуства, како ииндустрискииновации.


На многу теми од областа на оваа индустрија на конференцијата која се одржува од 3ти до 6ти април, зборуваат проминентни имиња и лидери докажани во кондиторската индустрија. Тимот на Винчини меѓу кои и технолози, присуствува на конференцијата со цел да се инспирира и да го унапреди своето познавање на трендовите кои ја следат оваа индустрија.

„Настани од ваков вид мора да се следат и поддржуваат, ако сакате да останете на врвот на она што се случува во бисквитната индустрија, да научите нешто ново и да ја проширите вашата бизнис мрежа. Индустријата непрестано се менува според потребите на консументите, па затоа е неопходно да бидеме иновативни и секојдневно да истражуваме.“ изјави Глигор Цветано, извршниот директор на компанијата Макпрогрес.


Покрај бисквитите кои се кондиторски производ обожуванво целиот свет, дополнителен повод за посета на оваа конференција е и прекрасната Пула во Хрватска која секогаш плени со својата убавина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …