(ФОТО) Стефан Живојиновиќ:„Детството ми изгледаше како да сум вшетал во Дизниленд“

Открил како е да се биде син на славни родители, а колку неговата улога има недостатоци толку има и предности. Мајката и таткото, без оглед на одреден терет кој го минал со нив, никогаш не би ги менувал…
Синот на пејачката Лепа Брена (59), Стефан Живојиновиќ (26) пред три месеци ја издал песната „Зло моје невино“ која во рекорден рок минала повеќе од милион прегледи.


За верните обожаватели подготвува нов хит – „Од вечер до утро“ на која со својот тим работи повеќе од една година.
„Сакам да пеам различни жанрови, но моментално најмногу се гледам во попот и филкот. Како мал мама често знаеше да ме води на нејзините концерти и бев фасциниран со леснотијата со која ја освојува публиката и со колку љубов ја работи таа работа. Ми даде многу совети, но се трудам што помалку да слушам било кого и да направам онака како што јас чувствувам дека треба да се работи оваа работа“, рекол Стефан во интервју за Слободна Далмација.


Открил и дека не е секогаш лесно да се биде син на познати родители, а колку неговата улога има предности толку има и недостатоци. Мајката и таткото, без оглед на одреден терет кој со нив го минал никогаш не би ги менувал.


„Секако дека тоа носеше одреден терет, но сега веќе се навикнав на тоа. Благодарен сум што ми се токму Брена и Боба родители,. Детството ми изгледаше како да сум вшетал во Дизниленд. На браќата и мене никогаш ништо не ни недостасуваше, секогаш одевме на некои патувања. Тие ништо не ни забрануваа, но сите тие повластици и тоа како ги оправдавме со своето однесување“, додал Стефан.
Младиот пејач минатата година го напуштил семејниот дом и купил свој стан во Белград. За Слободна Далмација открил дека првиот стан го купил на кредит.

„Долго го реновиравме, така што неодамна се вселив. Ми одговара да бидам сам, а понекогаш знам да ги повикам пријателите па заедно готвиме и слушаме музика. Неколку години, исто така, живеев во Мајами и знаев што ме чека кога ќе се иселам од родителите“, заклучил Живојиновиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …