Таа за возврат открила помалку гламурозни детали од нејзиниот живот. Неодамна, оваа радио и телевизиска новинарка станала заштитно лице на Диор, во чии креации позирала за споменатото списание. Сопругата на Пјер Касираги, мајка на две деца, поголемиот дел од времето го поминува на нива.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Двојката има крави, кози, овци и коњи, па грижата за нив трае многу време во текот на денот. Покрај тоа, Беатрис работи од дома и ги одржува повеќето од нејзините состаноци преку видео повици. Со деловно темпо, таа го ускладила животот на фармата на југот на Франција, каде што заедно со нејзиниот сопруг прават сопствено сирење, одгледуваат кози и зеленчук и сонуваат да го прошират својот бизнис.
„Сега можам да додадам на мојата биографија и дека знам како да исечам нокти на кози“, рекла принцезата која успешно го усогласува семејниот живот со нејзината кариера.
View this post on Instagram
Колку таа се грижи за сопствената афирмација, покажува и фактот дека Беатрис, покрај целата работа што ја има, решила да ја лансира и книгата за деца „Captain Papaya and Greta“, пренесува порталот Gloria.hr.
Фото: Принтскрин/Instagram