(ВИДЕО) Глумците од „Љубовна приказна“, 51. година после култниот филм, добиле ѕвезди на Патеката на славните во Холивуд

АКТЕРИТЕ Али МекГроу и Рајан О’Нил, кои ја играа трагичната млада двојка во еомантичната драма „Љубовна приказна“ од 1970 година, биле почестени со sвезди на Холивудската патека на славните непосредно пред Денот на вљубените во петокот.
„Кој би помислил дека ќе завршам со sвезда на Патеката на славните? Па, тоа е прилично добро”, рекол 79-годишниот О’Нил на церемонијата што се одржала онлајн поради ковид-19.
Актерката МекГрау, 81.година, истакнала дека тоа е „зачудувачка“ чест. „Апсолутно не можам да верувам дека сум на оваа патека“, рекла таа.


Филмот „Љубовна приказна“ стана културен феномен, беше номиниран за седум Оскари и доби еден – за најдобра оригинална музика.
Голем хит на своето време, трогателната филмска љубовна приказна ги направи своите херои sвезди преку ноќ.
Приказната говори за љубовта помеѓу Џени, духовита, шармантна и паметна студентка по музика, и Оливер, студент по право и наследник на богато угледно семејство и искушенијата низ кои таа љубов мораше да помине до нејзиниот трагичен крај кога Џени умира од леукемија.

Фото: Принтскин


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фестивал за современа музика МОДОАРС 2024

Започнува седумнаесеттото издание на Фестивалот за современа музика МОДОАРС. На отварањето на фестивалот МОДОАРС 2024 …