(ФОТО) Бред Пит ќе оди или ќе си остане дома: Џоли и Анистон заедно на Златен глобус

Последен пат на ист настан се појавиле во 2015. година, а сега, според замислата на организаторот на доделувањето на наградите Златен глобус, во салата ќе бидат Џенифер Анистон и Ангелина Џоли. На јавноста и тоа како и е позната нетрпеливоста на двете глумици, откако Бред Пит ја оставил Џенифер Анистон токму поради Ангелина Џоли…

Изненадувачки е дека двете ѕвезди се согласиле да бидат во иста сала, но уште сега организаторите се категорични дека тие ќе бидат подалеку една од друга.
Поранешните сопруги на Бред Пит, Ангелина Џоли и Џенифер Анистон, ретко се појавуваат на исти настани, но оваа година и двете ќе подаруваат статуетки на наградите „Златен глобус“.
Изненадувачки е дека двете ѕвезди се согласиле да бидат во иста сала, но уште сега организаторите се категорични дека ќе тие ќе бидат подалеку една од друга. Сега останува прашањето дали самиот Бред ќе ризикува да се појави во оваа напната атмосфера.
Актерот и двете поранешни сопруги се меѓу ѕвездите кои ги избегнуваат скандалите и вниманието, па затоа е многу веројатно дека тој ќе го пропушти големиот настан, коментираат луѓе од организацијата на наградите. А сепак, ако одлучи да дојде до која од екс сопругите тој ќе се приближи?
„Личните односи меѓу познати личности секогаш се земаат предвид при закажувањето на места. Имало години, во кои главни ѕвезди се гледаат за прв пат по скандалозни разделби или морале да ги позиционираат на двата краја на салата. За нас секогаш било стресно да ги имаме Џенифер Анистон, Бред Пит и Ангелина Џоли во една сала и оваа година се прашуваме дали тој воопшто ќе се појави и како ќе реагира мајката на неговите деца на тоа. Би било добро шоу за публиката, но не и за неговите поранешни“, коментира за австралискиот Vogue Џени Кони, која е одговорна за уредувањето на местата на овогодишните филмски награди“ Златен глобус “.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …