ЕДЕН Е АПСОЛУТЕН РЕКОРДЕР: Глумците за улоги добиваат и’ по 100. милиони долари!

11. Харисон Форд доби 65. милиони долари за четвртото продолжение за бестрашниот археолог „Индијана Џонс и кристалниот череп“ од 2008. година.
10. Том Круз заработува огромни суми пари од серијата „Невозможна мисија“, а само првото продолжение од 1996 година му донело профит од 70. милиони долари.


9. Сандра Булок е втора дама на листата на најголеми холивудски хонорари досега и добила 70. милиони долари за нејзината улога во остварувањето „Гравитација“ од 2013. година.
8. Роберт Дауни Јуниор во 2013-та година од „Ironman 3“ заработил 75. милиони долари.
7. Роберт Дауни Јуниор пред две години, во 2018 година, заработил 75 милиони од блокбастерот „Одмаздници: Војна на бесконечност“, кој вкупно заработил повеќе од 2. милијарди долари во светот.
6. Роберт Дауни Јуниор добил 75. милиони долари за најновото продолжение „Одмаздници: Крајот на играта“ (кој заработил 2,7 милијарди долари за време на неговото прикажување во кино салите во 2019 година).



5. Том Круз исто така добил 75. милиони американски долари за филмот „Невозможна мисија: Протокол дух“ од 2011. година.
4. Вил Смит добил неверојатни 100. милиони долари за третиот дел од филмот „Луѓе во црно“ од 2012. година.
3. Том Круз исто така добил 100. милиони долари за СФ спектаклот „Војна на световите“ од 2005. година.
2. Брус Вилис од филмскиот хит „Шесто сетило“ од 1999. година, заработил дури 120. милиони долари.


1. Кијану Ривс е апсолутен рекордер во однос на заработката, затоа што заработил 250. милиони долари за трите продолженија на „Матрикс“, што ги забележа од 1999. до 2003. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …